Aкционери го тужат „триглав осигурување“ за 7 милиони евра

Bez autora
Feb 17 2014

Триесетина акционери на осигурителната компанија „Триглав осигурување“ (поранешна „Вардар осигурување“) водат судска постапка против компанијата барајќи словенечките сопственици, „Заваровалница Триглав“ да го исполнат првичниот договор со нив и да дооткупат уште десетина отсто од акциите. Сумата воопшто не е мала, седум милиони евра, како и три милиони надомест на штета. Штетата од неисполнување на догореното, велат акционерите, не е само нивна, туку и за државата, бидејќи не се реализирала целосно странската инвестиција поради што и буџетот останал покус за околу 700 илјади евра. Сепак, целата оваа ситуација можела да се избегне доколку нашите институции своевремено реагирале навреме. Стојан Клопчевски, поранешен прв човек на „Вардар осигурување“, човекот кој, всушност, ги доведе Словенците во Македонија, вели дека Министерството за финансии непотребно одолжувало со донесување одобрение за продажба на овие акции. Тој покажува заклучок за запирање на постапка, со кој уште во 2008 година било прифатено барањето на словенечката компанија да се повлечат од претходниот договор за докуп на 10,7 отсто од акциите на „Вардар“.

Aкционери го тужат „триглав осигурување“ за 7 милиони евраТриесетина акционери на осигурителната компанија „Триглав осигурување“ (поранешна „Вардар осигурување“) водат судска постапка против компанијата барајќи словенечките сопственици, „Заваровалница Триглав“ да го исполнат првичниот договор со нив и да дооткупат уште десетина отсто од акциите. Сумата воопшто не е мала, седум милиони евра, како и три милиони надомест на штета. Штетата од неисполнување на догореното, велат акционерите, не е само нивна, туку и за државата, бидејќи не се реализирала целосно странската инвестиција поради што и буџетот останал покус за околу 700 илјади евра. 

Сепак, целата оваа ситуација можела да се избегне доколку нашите институции своевремено реагирале навреме. Стојан Клопчевски, поранешен прв човек на „Вардар осигурување“, човекот кој, всушност, ги доведе Словенците во Македонија, вели дека Министерството за финансии непотребно одолжувало со донесување одобрение за продажба на овие акции. Тој покажува заклучок за запирање на постапка, со кој уште во 2008 година било прифатено барањето на словенечката компанија да се повлечат од претходниот договор за докуп на 10,7 отсто од акциите на „Вардар“. 

„’Заваровалница Триглав‘ барала согласност да ги докупи акциите со цел да се стекне со квалификувано мнозинство од над 75 отсто од македонската осигурителна компанија. Меѓутоа, одолжувањето од македонска страна и почетокот на финансиската криза придонело Словенците да се откажат од таквата намера во 2008 година со што им била нанесена директна штета на акционерите во ’Вардар осигурување‘ и на буџетот. Покрај оваа директна штета, има и индиректна, бидејќи акционерите кои ќе ги добиеја парите ќе ги трошеа во Македонија или ќе инвестираа, па ако се земе предвид и тоа, вкупната штета е уште поголема за дваесетина отсто“, вели Клопчевски. 

Индикативно е што првичното барање од „Заваровалница Триглав“ за докуп на акциите било поднесено на 10 септември 2008 година, а она за повлекување на барањето нецели три месеци подоцна, односно на 28 ноември. Зошто толку се чекало да се одговори позитивно на првото барање, а се одговорило веднаш, односно истиот ден на второто (за запирање на постапката) е нејасно за акционерите.

„Истиот ден кога поднеле барање постапката била запрена, а два и пол месеци не давале согласност за откуп на акциите“, вели Клопчевски.
 
Сепак, тоа не ги поколебало Клопчевски и други 34 акционери преку суд во одвоени постапки да се обидат да ги остварат своите права. Минатата година повеле постапка пред Основен суд Скопје 2. 

Продажбата на „Вардар осигурување“ беше една од највредните преземања на некоја приватизирана компанија во Македонија, што според Клопчевски се должи на резултатите кои претходно ги остварувале на осигурителниот пазар. „Шест години едноподруго бевме прогласувано за најдобра осигурителна компанија што овозможи во земјава да влезат педесетина милиони евра“, вели Клопчевски, кој и самиот бил четири години едноподруго прогласуван за менаџер на годината. Покрај „Триглав“, во Македонија влезе и хрватската осигурителна компанија „Кроација осигурување“. 

Зошто биле клучни овие два и пол месеца? Во 2008 година на светскиот пазар се случуваа многу настани кои целосно ја променија сликата за глобалната економија и влијаеја врз деловните одлуки на многу компании не само во големите земји, туку и во регионот. Словенците, исто така, биле погодени од пропаста на некои големи компании во светот каде што имале вложено свои средства, кризата почна и таму, по што до тамошните фирми им било наложено да престанат со какви било инвестиции надвор од Словенија. Сега, судскиот процес, кој е неизвесно кога ќе заврши, дополнително создава финансиски обврски. Се проценува дека значајни износи биле платени за адвокатски услуги. 

Инаку, првите контакти со „Триглав“ биле уште во 2006 година кога стопанска делегација од Македонија била во посета на Словенија. По преговорите што траеле една и пол години, кон крајот на 2007 година бил потпишан договорот со кој Словенците презеле 70,36 отсто од „Вардар осигурување“. Сега од преостанатите триесетина отсто од поранешен „Вардар осигурување“, кој во меѓувреме се преименува во „Триглав осигурување“, Клопчевски поседува 8,3 отсто, вработените околу 14 отсто, а другиот дел е на надворешни акционери од Словенија, Хрватска и од Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik